На 24 и 25 март, на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во работна посета престојуваше Надворешната комисија за оценување на квалитетот на Факултетот за хуманистички науки, во состав: г. Срѓан Миќиќ, г-ѓа Силвија Флореа и г-ѓа Мариам Киланaва.

Групата меѓународни експерти најпрво беше пречекана од ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од менаџерскиот тим на универзитетот: проректорите вон. проф. д-р Сани Демири, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, вон. проф. д-р Бујамин Бела, вон. проф. д-р Фати Исени, вон. проф. д-р Зоран Трифунов, м-р Пиштар Лутфиу, м-р Елена Пренџова и генералниот секретар д-р Рахим Јашари.

За време на дводневната посета во просториите на УМТ, Комисијата на експерти реализираше интензивна агенда на средби со менаџментот и академскиот кадар. Најпрво се сретна со деканот на Факултетот за хуманистички науки, проф. д-р Мустафа Ибрахими, и продеканката, доц. д-р Арта Тика Бектеши.

Посебен фокус беше ставен на наставните планови и програми и методите на нивна имплементација, образовните цели и резултатите од учењето, увидот во испитите, дипломските теми и проектните трудови, дискусиите со академскиот, административниот и техничкиот кадар, интервјуата со тековните и дипломираните студенти, како и соработката со партнери од индустријата и релевантниот сектор за вработување на дипломираните студенти.

Дел од агендата беше и посетата на библиотеката, службите за студентски прашања, лабораториите, центарот за кариера и другите технички простории на Универзитетот.

Целта на оваа посета беше оценување на административните и академските стандарди, научно-истражувачките капацитети и инфраструктурата на Факултетот за хуманистички науки.

By