Факултетот за социјални науки при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во соработка со организацијата „Акрополи и Ри“, реализираа обука со студентите од студиската програма Социјална работа и социјална политика и студиската програма Психологија на тема: Дали нашата перспектива е таа што го обликува нашето искуство?

Активноста ја водена од доц. д-р Елизабета Бајрами Ологу, додека обуката ја реализираа претставничките на „Акрополи и Ри“, г-ѓа Гезиме Златку и г-ѓа Флорентина Фетахи.

Преку дискусии, практични вежби и идеи од современата психологија, беа обработени конкретни начини за градење емоционална отпорност, зголемување на самоефикасноста и гледање на предизвиците како можности за развој.

Оваа активност ја потврди моќта на соработката меѓу академските институции и граѓанските иницијативи, создавајќи простор каде што рефлексијата, растот и благосостојбата стануваат дел од секојдневието.

Ви благодариме на сите за учеството и енергијата во текот на обуката!

By