Куманово, април 2026 – Академскиот тим на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје одржа интерактивна сесија со матурантите од гимназијата „Сами Фрашери“, претставувајќи го нивниот идeн образовен пат во срцето на главниот град.

Професорите Рилинд Адеми, Емира Јмери, Арбнор Рушити, Арта Мехмеди Адеми, Мирван Џемаили и Авни Авдиу ги презентираа предностите на студирањето во нашиот нов кампус, со фокус на 8-те факултети и програмите кои одговараат на современиот пазар, условите за студирање – почнувајќи од лаборатории со најнова технологија и модерна библиотека, мобилноста на студентите, стипендиите и меѓународните размени преку Erasmus+.

Големиот интерес на матурантите повторно ја потврди улогата на УМТ како главна адреса за квалитетно образование на мајчин јазик. Голема благодарност до раководството на гимназијата „Сами Фрашери“ за одличната соработка во насочувањето на новите генерации.

Избери мудро, придружи се кон успехот на УМТ!

By