Битола, мај 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје продолжи со информативните средби со матурантите, овој пат во градот Битола, каде што беше реализирана средба во просториите на Библиотеката „Линкест“. Учениците имаа можност одблиску да се запознаат со академската понуда на осумте факултети на Универзитетот.

За време на интерактивната средба со учениците, доц. д-р Мајлинда Аџиу, деканка на Факултетот за информатички науки, ја претстави богатата академска понуда и бројните можности што овој универзитет им ги нуди на младите студенти, како и новите дигитални услуги, вклучувајќи го и Порталот за кариера. Матурантите покажаа голем интерес за дефицитарните насоки, како и за можностите за професионални практики и стипендии.

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје упатува искрена благодарност до г-ѓа Емира Селими за одличната организација на оваа средба и за гостопримството во Библиотеката „Линкест“. Оваа соработка претставува уште еден чекор кон нашата мисија да ги насочиме младите кон сигурен професионален успех.

Вашата иднина има адреса – Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје.

By