Скопје, 14.05.2026 година – Студентите од Економскиот факултет, студиска програма „Царина, Шпедиција и Осигурување“, во рамки на предметот „Царински кривични дела“ и под менторство на проф. д-р Насер Етеми, реализираа студиска посета на Царинската управа на Република Северна Македонија.
Во текот на посетата, студентите беа пречекани на исклучително пријателска и професионална средба од заменик-директорот на Царинската управа, г. Мустафа Даути, како и од проф. д-р Урим Исеини заедно со други експерти од областа. Претставниците на Управата споделија со студентите детални информации за структурната организација, функционирањето на оваа витална институција, како и стратегиите на првата линија во борбата против царинскиот криминал и шверцот.
Клучни точки од посетата беа запознавањето на студентите со современите методи и тактики што се користат за откривање на кривични дела и царински прекршоци. Мобилните царински тимови демонстрираа практични процедури на терен, овозможувајќи им на студентите да ја видат примената на теоретските знаења во реални ситуации. Посетата се карактеризираше и со динамична дискусија, при што студентите имаа можност да постават бројни прашања за предизвиците на професијата и оперативните процеси на контролата.
Оваа посета им послужи на студентите да стекнат практични искуства кои ќе ги подготват за пазарот на трудот, истовремено зајакнувајќи ја меинституционалната соработка со државните органи.
