Во рамките на големиот „HEI2MARKET startup“ натпревар, организиран за време на „UNIN Connect Week 2026“ на Универзитетот Север (Sveučilište Sjever), претставниците на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје зедоа активно учество и во евалуацијата на студентските бизнис идеи.

Вонр. проф. д-р Владимир Китановски беше дел од стручното меѓународно жири кое ги оценуваше иновативните „startup“ концепти презентирани од страна на студентските тимови. Петнаесет тимови, одлични „pitch“ презентации, креативни идеи и силен претприемачки дух уште еднаш покажаа дека универзитетите се вистински инкубатори на идните иновации.

Посебна чест беше што Ректорот, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше во свеченото доделување на наградите на еден од трите победнички тимови, со што симболично ја потврди заложбата на Универзитетот „Мајка Тереза“ за поддршка на младите иноватори и претприемачи.

Честитки до сите учесници и организатори за извонредната енергија, визија и инспирација!

By