Во рамките на Договорот за соработка помеѓу Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Центарот за неформално образование FLUENT, започна реализацијата на проектот „ФОКУСИРАЊЕ“ – иницијатива чија цел е да го поврзе универзитетското знаење со современата комуникација и јавната едукација.

Проектот го дводи наставникот по предметот Психопедагогија, м-р Мухамед Јонузи, и е замислен како можност студентите практично да ги применат знаењата стекнати во текот на студиите.

По обработката на темите од областа на психопедагогијата, студентите посетуваа обуки за јавно комуницирање, вештината на јавно говорење и професионално настапување пред камера. Како резултат на овој процес беа изработени серија едукативни reels-видеа, во кои студентите на креативен и професионален начин презентираат научни ставови, лични размислувања и значајни концепти од областа на психопедагогијата.

Во првата фаза од проектот се вклучени студентите од втора година на Студиската програма по психологија, како и избрана група студенти од прва година.

Во рамките на оваа соработка, FLUENT се грижи за визуелниот концепт на проектот, графичкиот дизајн, професионалното снимање и монтажа на материјалите, со што во практика се реализира договорот за меѓуинституционална соработка.

Во иднина, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и FLUENT имаат за цел да ја прошират оваа соработка преку нови проекти, стручни практики и други активности во интерес на студентите и пошироката заедница.

Реализацијата на овој проект е поддржан и од Деканатот на Факултетот за социјални науки проф. д-р Бејтула Емини и продеканката доц. д-р Нита Белули Лума, кои ја поддржаа оваа иницијатива како дел од унапредувањето на универзитетската практична настава.

By