Скопје, јули 2026 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорот за настава, проф. д-р Фати Исени, одржа работна средба со претседателот на Асоцијацијата за унапредување на глобалното образование (TAEG), проф. д-р Хусеин Узунбојлу, претседателот на конференциите INSODE и BEMTUR 2026, проф. д-р Озџан Асликан, како и со нивната соработничка.
Средбата претставуваше финална координација за успешна реализација на двете големи меѓународни научни конференции што се одржуваат во просториите на нашиот Универзитет: 15 – тата Светска конференција за иновации и компјутерски науки (INSODE-2026) и 11 – тата Глобална конференција за бизнис, економија, менаџмент и туризам (BEMTUR-2026).
Во текот на средбата, ректорот Фетаји изрази задоволство што Универзитетот „Мајка Тереза“ претставува место на поврзување на научници, истражувачи и академици од целиот свет. Од своја страна, делегацијата на TAEG и раководството на конференциите високо ја оценија инфраструктурата, гостопримството, како и логистичката и академската подготвеност на Универзитетот, истакнувајќи го како стратешки партнер со исклучителен потенцијал во регионот.
