Скопје, 18 август 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСС) потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на образованието, професионалната квалификација и развојот на научно-истражувачката и применетата истражувачка дејност во областа на сметководството.
Меморандумот го потпишаа ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и претседателката на ИСС, г-ѓа Весна Прентоска. На официјалната средба по овој повод присуствуваа и проректорите на УМТ, проф. д-р Фати Исени и проф. д-р Бујамин Бела, како и деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Букурије Имери Јусуфи.
Меморандумот има за цел зајакнување на институционалната соработка меѓу обете страни преку размена на академски и професионални искуства, организирање научни конференции, тркалезни маси, работилници и заеднички програми за обука.Посебен акцент во рамките на оваа соработка е ставен на студент(к)ите на УМТ, особено на студент(к)ите од Економскиот факултет. Ним ќе им биде укажана можност да реализираат практична обука, да добиваат насоки од стручни ментор(к)и од ИСС, да учествуваат на клиничка настава, да посетуваат саеми за кариера и да се вклучат во истражувачки проекти од заеднички интерес.
УМТ продолжува да ја исполнува својата мисија за поврзување на академската подготовка со реалните потреби на пазарот на трудот, обезбедувајќи висококвалитетен професионален развој за своите студент(к)и и наставен кадар.
