Скопје, 18.08.2026 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) потпишаа Меморандум за соработка, со цел унапредување на образованието, професионалното усовршување, како и развојот на научно-истражувачката и применетата дејност во областа на сметководството.
Договорот го потпишаа Ректорот на УМТ, проф. д-р Беким Фетаји, и Претседателката на ИСОС, г-ѓа Весна Прентоска. На официјалниот состанок одржан по овој повод присуствуваа и проректорите на УМТ, проф. д-р Фати Исени и проф. инор. д-р Бујамин Бела, како и Деканката на Економскиот факултет, проф. д-р Букурие Имери Јусуфи.
Овој меморандум има за цел зајакнување на институционалната соработка помеѓу двете страни преку размена на академски и професионални искуства, организација на научни конференции, тркалезни маси, работници и заеднички обуки.
Посебен приоритет во оваа соработка им се дава на студентите на УМТ, односно од Економскиот факултет и пошироко, на кои ќе им се овозможи реализација на практична настава, менторство од професионалци од ИСОС, ангажман во клиничка настава, како и учество на саеми за кариера и истражувачки проекти од заеднички интерес.
УМТ продолжува да ја исполнува својата мисија за поврзување на академската подготовка со реалните потреби на пазарот на трудот, обезбедувајќи квалитетен професионален развој за студентите и за својот наставен кадар.
