Скопје, 09.10.2023 – Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје проф. д-р. Изет Зеќири на работна средба беше домаќин на раководството на Советот за етика  во медиумите на РСМ, г-ѓа. Билјана Георгиевска директор и г-ѓа. Нора Калиќи, претседател на советот за етика.

Ректорот Зеќири неодамна го информираше раководството на Советот за етика во медиумите на РСМ за напредокот и консолидацијата на УМТ од академски аспект, како и за високиот интерес за упис на нови студенти во оваа учебна 2023/2024 година.

Директорката Билјана Георгиевска и претседателката на Советот за етика Нора Калиќи му се заблагодарија на ректорот проф. д-р. Изет Зеќири за подготвеноста и елаборацијата и напредокот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, исто така се договорија и за продлабочување на соработката со цел подигнување на квалитетот на практичната настсва на студентите, особено на студиската програма Медиуми и интеркултурна комуникација.

By