Скопје, 27.10.2023 – Во рамките на програмата Еразмус+, делегација од Универзитетот Сабахатин Заим од Истанбул оствари работна посета на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Делегацијата ја сочинуваа институционалниот координатор за Еразмус +, г. Мехмет Фатих Метеханоглу, раководителот на Одделот за студентски прашања, г. Фатих Сисман, претставник од Одделот за меѓународни односи, г. Ахмет Гиргин и г Р. Буџра Багџи, асистент на Одделот за бизнис администрација.
Колегите од Турција беа пречекани од проректорот за меѓународни односи, проф. д-р. Ризван Сулејмани, г-ѓа. Мукадес Хајдари генерален секретар на УМТ и претставници на Одделот за меѓународни односи.
Претставниците на Универзитетот разговараа за продлабочување на меѓуинституционалната соработка од областа за студентска размена преку програмата Еразмус+, како и за промоција на научно-истражувачки и заеднички меѓународни проекти.