Скопје, 21.05.2025 – Денес, во просториите на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, ректорот проф. д-р Беким Фетаји, го пречека на работна средба проф. д-р Јост ван Хоф од Универзитетот за применети науки во Хаг, Холандија.
За време на средбата, ректорот Фетаји, придружуван од проректорот за меѓународни односи, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили и проф. д-р Даниел Павловски, детално го информираа холандскиот гостин за академските случувања на УМТ, научните проекти и тековните и идните соработки со меѓународни образовни и истражувачки институции
По завршувањето на официјалната средба, продолжија активностите во рамките на дводневната работилница на меѓународниот научен проект „Балканската мрежа поврзана со погодни средини за трета доба (ABC Network)“, каде што УМТ преку Факултетот за социјални науки е регионален партнер за балканските земји.
Овој проект има за цел да придонесе за развој на градовите и заедниците прилагодени за стари лица во регионот, со фокус на научни истражувања, размена на искуства и промоција на ефикасни политики за активно и здраво стареење.







