Скопје, 14.04.2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организираше информативна и промотивна сесија посветена на програмите за стипендии и можностите за академска размена што ги нуди Владата на Соединетите Американски Држави.

Настанот го отвори проректорката за меѓународни односи, вон. проф. д-р Дитурије Исмаили, која во име на Универзитетот им посака добредојде на претставниците на Амбасадата на САД и ја истакна важноста на овие програми за професионалниот напредок на студентите и академскиот кадар на УМТ.

За време на презентацијата, присутните имаа можност да го слушнат координаторот на Алумни програмата при Амбасадата на САД во Скопје, г. Газменд Илази. Тој детално го образложи процесот на аплицирање, критериумите и придобивките од различните програми за стипендии охрабрувајќи ги студентите да станат дел од престижната мрежа на американски алумни.

На оваа активност имавме чест да го слушнеме и г. Чарлс М. Сантијаго Моралес, службеник за јавна дипломатија при Амбасадата на САД. Тој сподели вредни информации за улогата на јавната дипломатија во зајакнувањето на односите меѓу двете земји и за важноста на размената на образовни искуства.

Посебен дел од оваа сесија беше интерактивната дискусија, каде што студентите и професорите разменуваа мислења со гостите. Своите лични искуства и доживувања од студиите и истражувачките посети во САД ги споделија и вон. проф. д-р Дитурије Исмаили и вон. проф. д-р Исак Идризи, кои сведочеа за трансформативното влијание што овие програми го имаат врз академската кариера.

By