Скопје/Тирана, јуни 2026 година – Во рамките на официјалните посети во Република Албанија, ректорот на Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, оствари значајна средба со заменик-министерката за Европа и надворешни работи, Вилма Премти.
Ректорот Фетаји, придружуван од претседателот на Универзитетското студентско собрание на УМТ, Бесар Сејдиу, секретарот на Универзитетското студентско собрание, Јасир Мемеди, како и м-р Дритон Зендели, ја информираа г-ѓа Премти и Н.Е. Денион Мејдани за конкретните чекори што Универзитетот „Мајка Тереза“ ги презема во насока на интернационализација и проширување на регионалната академска соработка.
За време на средбата, делегацијата на УМТ ги претстави институционалните достигнувања и визијата за зголемување на академската мобилност, фокусирајќи се на усогласување на студиските програми со европските стандарди, позиционирање на универзитетот како значаен образовен центар на Балканот преку академска дипломатија, како и активно вклучување на Универзитетското студентско собрание во проектите за интернационализација и размена на искуства со универзитетите во Албанија.
Заменик-министерката Премти високо го оцени ангажманот на ректорот Фетаји и неговиот тим, потврдувајќи ја поддршката на официјална Тирана за иницијативите што ја зајакнуваат образовната и културната соработка меѓу двете земји.
Средбата заврши со заедничка волја за понатамошно продлабочување на институционалните односи, во функција на унапредување на квалитетот на високото образование и промоција на европските вредности.
