Скопје, јули 2025 година – На покана на амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Н. Е. г-ѓа Анџела Прајс Агелер, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, учествуваше на официјалната церемонија организирана по повод 249-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави.

Настанот се одржа во просториите на Американската амбасада во Скопјe, на кој присуствуваа високи претставници на дипломатската, институционалната и академската заедница.

Учеството на ректорот проф. д-р Беким Фетаји, и ректорот на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Јусуф Зејнели на оваа церемонија претставува симболичен момент на блискост и соработка меѓу две високообразовни институции во земјата, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје и Универзитетот во Тетово, со меѓународни институции со особено на унапредување на вредностите на демократијата, квалитетното образование и меѓукултурното партнерство.

Ректорот Фетаји изрази благодарност за поканата и ја ценеше улогата на Амбасадата на САД во поддршката на образовните реформи и развојот во земјата и регионот.

By