Скопје, октомври 2022 – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје организира меѓународен натпревар HACKATON VR/AR за креирање виртуелни 3Д-програми во рамките на Еразмус+ проектот Vtech, организиран од проф. д-р Беким Фетаји, проректор за наука и професор на Факултетот за информатички науки.
Натпреварот е отворен за сите студент(к)и од Северна Македонија, а можат да учествуваат и други заинтересирани поединци и поединки или вработени во компаниите во регионот. Жири-комисијата ќе ги избере трите најуспешни проекти, а победниците ќе бидат информирани преку електронска пошта. Сите учесници и учеснички ќе добија сертификати од Еразмус+.
Натпреварот HACKATON VR/AR ќе се одржи на 25.10.2022 година, од 12:00 до 16:00 часот со физичко присуство во компјутерската лабораторија број 303 во просториите на УМТ, а целиот натпревар ќе може да се следи онлајн на Google Meet на линкот: https://meet.google.com/etp-.