Почитувани студенти,

Ве известуваме дека, Сенатот на Универзитетот „Мајка Тереза’’ во Скопје, на седницата одржана на 29.09.2020 година, меѓу другото ја разгледа и инфорамцијата за уписите во акедемската година 2020/2021.

Сенатот заклучи дека и покрај новите околности, бројот на запишани студенти е на ниво на очекувањата и изрази благодарност за укажаната доверба од страна на студентите.
Истотака, Сенатот заклучи дека се направени сите подготовки, академската година 2020/2021 да започне на 01.10.2020 година, со тоа што 01.10 и 02.10.2020 година ќе се искористат како ориентациони денови за студентите од прва година кои ќе се распоредат во помали групи поради заштита од вирусот Covid 19.

Наставниот кадар на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје на горенаведените денови почнувајќи од 10:00 до 15:00 часот ќе врши прием на студентите и истите ќе ги запознае со начинот и правилата за реализација на наставата и вежбите во текот на зимскиот семестар.

Сенатот ја изразува својата верба дека сите студенти при пристапот на просториите на Универзитетот, ќе ги почитуваат пропишаните мерки за заштита од вирусот Covid 19.

НАПОМЕНА:
* Студентите од 👉Факултетот за градежништво и архитектура,
👉Факултетот за информатички науки и 👉Факултетот за технички науки ќе мора да бидат присутни на Ректоратот (зградата на ССМ, односно на нивните соодветни факултети).

**Студентите од 👉Факултетот за технолошки науки и 👉Факултетот за социјални науки ќе мора да бидат присутни во објект Б (ОУ Конгреси Манастирит).

By