Вториот ден од „UNIN Connect Week 2026“ на Универзитетот Север (Sveučilište Sjever) во Хрватска започна со официјалното отворање на „HEI2MARKET startup“ натпреварот. Вонр. проф. д-р Владимир Китановски имаше чест да го отвори програмскиот дел на денот и, заедно со високиот истражувачки тим составен од Проректорот за меѓународна соработка, вонр. проф. д-р Дитурије Исмаили, вонр. проф. д-р Зоран Трифунов и Ректорот, проф. д-р Беким Фетаји, ги презентираше клучните резултати и достигнувања на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје (УНТ) во рамките на успешно реализираната прва фаза од HEI2MARKET.

Пред студентите, претставниците на индустријата и академската заедница беа претставени неколку значајни резултати:

  • Отворање на Центарот за иновациски партнерства и проектна акцелерација – IPPA
  • Развој на „AI chatbot“ за студентска поддршка „Majka Tereza“
  • Развој на кариерна платформа за „B2B matchmaking“ помеѓу студентите и бизнис екосистемот

Овие достигнувања претставуваат значаен чекор кон трансформација на универзитетот во современ двигател на иновациите, претприемништвото и соработката со индустријата.

By