Скопје, 27.10.2026 година – Денес, ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, проф. д-р Беким Фетаји, придружуван од проректорот за финансии, вон. проф. д-р Бујамин Бела, на официјална средба ги пречека извршниот директор на Халкбанк, д-р Фатих Шахбаз, како и членот на Управниот одбор, г. Мухамед Хаџипази.

Со задоволство ја споделуваме иницијативата за продлабочување на соработката со Халкбанк, со цел воспоставување нови мостови на соработка меѓу високото образование и финансискиот сектор.

Оваа соработка има за цел да создаде можности за развој на заеднички образовни и истражувачки активности, размена на искуства и знаења, како и вклучување на студентите и академскиот кадар во иницијативи што придонесуваат за професионалниот и економскиот развој.

Веруваме дека ваквите партнерства ја зајакнуваат поврзаноста меѓу универзитетот и деловната заедница, создавајќи нови можности за иновации, знаење и одржлив развој.

By