Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe ја започнува академската година со важно достигнување, збогатувајќи го својот академски кадар со уште еден доктор за науки д-р Нора Лимани Бекташи од Куманово.
Таа успешно ја одбрани докторската дисертација на Технолошко-металуршки факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопјe на тема: „Развој на биолошки и хемиски методи за проценка на ефикасноста на јонизирачкото зрачење како техника за минимална обработка на зачини и сушени печурки“, при што ја доби титулата доктор по технички и технолошки науки со одлична оценка.
На церемонијата за одбрана присуствуваа академски и семејни личности, во чест на ова посебно достигнување. Се очекува д-р Лимани Бекташи, како предавач и автор на УМТ на многу меѓународни научни трудови, дополнително да придонесе за академскиот и научниот развој на универзитетот.



