Тетово, април 2026 година – Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ја продолжи својата промотивна кампања за академско ориентирање на младите, при што овој пат застана во Тетово. Промотивниот тим презентираше во Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ и во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

Академскиот тим составен од Дренуша Камбери, Нита Белули-Лума, Миранда Сабриу-Беџети и Диелза Алили ги запозна потенцијалните студенти со современите услови за студирање што ги нуди нашата институција. Како единствен јавен универзитет во главниот град што нуди студии на мајчин јазик, УМТ ги претстави своите осум академски единици, ставајќи акцент на иновативните студиски програми што одговараат на барањата на пазарот на труд, современата лабораториска опрема, системот на стипендии и можностите за студентска мобилност преку програмата Erasmus+.

Тетовските матуранти покажаа голем интерес за природните, техничко-технолошките, општествените и другите науки, вклучувајќи се во активни дискусии со претставничките на универзитетот. Оваа интеракција помогна да се разјаснат процедурите за упис и да се проектира нивниот идeн професионален пат во квалитетна академска средина.

УМТ им се заблагодарува на раководствата на средните училишта во Тетово за гостопримството и одличната соработка во служба на правилното академско насочување на новите генерации.

By