Во текот на академската 2025/2026 година, Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје активно учествуваше во рамки на програмата CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies), со цел унапредување на меѓународната академска соработка и мобилност на наставниот кадар и студентите.
Во анализираниот период се реализирани вкупно околу 10 – 15 мобилности на наставниот кадар, кои вклучуваат краткорочни престои, одржување предавања и учество на научни активности на партнерски универзитети во регионот. Притоа, академскиот кадар активно учествуваше во размена на знаења и добри практики, особено во областите на математиката, информатиката и техничките науки. Активностите реализирани преку оваа програма значително придонесуваат за зголемување на интернационализацијата на Универзитетот, јакнење на научно-истражувачката соработка и унапредување на квалитетот на наставниот процес.
