Скопје, 05 јули 2022 година – Проректорот за финансии, инвестиции и развој при Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје доц. др. Бујамин Бела учествуваше на утринската емисија на Радио Скопје, модерирана од новинарката Реџие Билали.
Проректорот Бела на утринската емисија елаборираше за напредокот на образовниот процес на УМТ, за постигнувањата на Универзитетот, а со посебен акцент ја елаборираше генералната понуда на студиските програми за потенцијалните студенти кои се очекува да се запишат на оваа академска година.